MKinformer

your daily dose of news

5 килограми марихуана пронајдени во „ауди“ на булевар Илинден – скопјанец доби 30 дена притвор

28/01/2026 14:00

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јануари 2026 година поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје против Н.А. (36) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 26 јануари 2026 година, на булевар „Илинден“ во Скопје, при извршен преглед на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од осомничениот, полициските службеници пронашле две патнички торби во кои се наоѓала марихуана.

Според информациите, Н.А. ја набавил дрогата со намера за понатамошна продажба на лица на подрачјето на град Скопје. По неговото лишување од слобода и спроведеното вештачење, утврдено е дека во торбите имало вкупно 4.999,2 грама марихуана.

Осомничениот бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!