(ВИДЕО) Трендафилов повикува на масовен протест: „Денеска работниците зборуваат“
28/01/2026 11:54
Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во изјава за МК Информер ги повика работниците на масовно присуство на денешниот протест, закажан за 28 јануари во Скопје.
„Ги повикуваме работниците да ни се придружат. Денеска работниците зборуваат. Почнуваме од домот на работниците и завршуваме пред Владата – токму онаа влада која цела година одбива да ги зголеми работничките плати и која води најсиромашна држава. Ги повикувам работниците да покажеме слога, да застанеме рамо до рамо во борбата за поголеми работнички плати“, изјави Трендафилов.
Протестот започнува во 17:00 часот пред зградата на ССМ, по што колоната ќе се упати пред Собранието, потоа пред Сојузот на стопански комори, а ќе заврши пред Владата на Република Македонија.
Од ССМ истакнуваат дека протестот е израз на долгогодишното незадоволство на работниците поради ниските плати, растечките трошоци за живот и игнорирањето на синдикалните барања, и повикуваат на достоинствено и масовно учество.






