Вратени на работа 7-те Албанци отпуштени од Министерството за односи меѓу заедниците
30/01/2026 16:21
По еден месец неизвесност, седумтемина вработени кои беа отпуштени од Министерство за односи меѓу заедниците, повторно се вратија на своите работни позиции, кои се жалеа дека биле отстранети од работа затоа што се од Албанска етничка припадност, а не дека не работеле.
Одлуката за нивно враќање на работа ја донела Агенција за администрација, со што практично е поништена претходната одлука за отказ. Со ова решение, вработените повторно ги остваруваат сите права од работен однос.
По враќањето на работните места, отпуштените вработени имаат право да поведат судска постапка и да бараат надомест на штета за периодот во кој биле отстранети од работа. Ова вклучува исплата на изгубените примања, како и надомест за другите права што им припаѓаат согласно закон.
Случајот повторно ја отвори дебатата за законитоста на кадровските постапки во државната администрација и за потребата од доследно почитување на процедурите и еднаквиот третман на сите вработени.






