Уапсен 26-годишник во Шуто Оризари: Го нападнал сопствениот татко
01/02/2026 16:37
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С. (26) од Скопје, по пријава за семејно насилство на подрачјето на Шуто Оризари.
Како што информира полицијата, настанот бил пријавен на 1 февруари 2026 година околу 02:00 часот. Според пријавата, осомничениот претходната вечер, на 31 јануари 2026 година околу 21:00 часот, во семејниот дом физички го нападнал неговиот 61-годишен татко.
По добиената пријава, полициските службеници веднаш интервенирале и го привеле осомничениот, кој бил задржан во полициска станица.
Од Министерство за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок до надлежното јавно обвинителство.
Надлежните институции апелираат сите случаи на семејно насилство навремено да се пријавуваат, со цел навремена заштита на жртвите и спречување на потешки последици.



![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)

