MKinformer

your daily dose of news

Утрово уапсен полицаец од Делчево

02/02/2026 13:18

Полициски службеници од ОВР Делчево утринава лишија од слобода 23-годишен жител на делчевско, откако бил затекнат како управува патничко возило без возачка дозвола.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 2 февруари 2026 година во 06:45 часот, на булеварот „Македонија“ во Делчево, при редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки.

Возилото го управувал С.Д. (23) од селото Тработивиште, при што било утврдено дека тој немал стекнато право на управување моторно возило, односно управувал без возачка дозвола.

За случајот бил известен јавен обвинител, по чија насока возилото било одземено, а лицето лишено од слобода. Од МВР додаваат дека по целосно документирање на настанот, против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!