MKinformer

your daily dose of news

Малолетници зад волан во Охрид и Струга – возила одземени, ќе следуваат пријави

02/03/2026 14:04

Два одвоени случаи на управување моторно возило од страна на малолетници без положен возачки испит се регистрирани ноќеска во Охрид и Струга, информираат од полицијата.

🚗 Малолетник управувал „голф“ во Охрид

Во 23:40 часот, на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при сообраќајна контрола исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.

При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

🚘 Струшки малолетник управувал „мерцедес“

Неколку часа подоцна, на 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во населбата „Тефериќ“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки.

И во овој случај било утврдено дека возачот е малолетник без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, со него бил извршен службен разговор, возилото било одземено, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Од полицијата апелираат на почитување на сообраќајните прописи и на зголемена родителска одговорност, со цел спречување на потенцијално опасни ситуации во сообраќајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!