MKinformer

your daily dose of news

Швајцарија затвори хотел со пет ѕвезди во Кран-Монтана поради пропусти во противпожарната безбедност

06/02/2026 10:29

Швајцарските власти донесоа одлука за затворање на луксузен хотел со пет ѕвезди во алпскиот ски-центар Кран-Монтана, поради сериозни недостатоци во противпожарната безбедност. Одлуката следи само неколку недели по трагичниот пожар во бар во истото туристичко место, во кој животот го загубија 41 лице.

Станува збор за хотелот Grand Hotel du Golf et Palace, лоциран во близина на главната улица во Кран-Монтана. Локалните власти соопштија дека уште во август биле утврдени сериозни безбедносни пропусти, но хотелот не успеал да ги отстрани до крајниот рок – 15 јануари.

Поради тоа, надлежните наредија негово затворање сè додека не се исполнат сите стандарди за противпожарна заштита. Одлуката е дел од засилените контроли што швајцарските институции ги спроведуваат по неодамнешната трагедија, со цел да се спречат слични инциденти во туристичките објекти.

Од локалната туристичка канцеларија информираа дека сите гости кои моментално престојуваат во хотелот ќе бидат пренасочени и сместени во други хотели во регионот, без да им биде нарушен одморот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!