MKinformer

your daily dose of news

Кривична пријава за сопственикот на фирмата каде загина снимателот Љушев, не бил осигуран и обучен за безбедна работа

09/02/2026 14:09

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М. (43) од Охрид, како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.

Според пријавата, С.М., во својство на сопственик и управител на правниот субјект, свесно не постапувал согласно Законот за засновање на работен однос, при што не го пријавил и не го осигурал работникот К.Љ. од Охрид, кој во меѓувреме починал. Со ваквото постапување, осомничениот му ги одзел и ограничил законските права што му припаѓале на работникот.

Дополнително, С.М. му дозволил пристап на работникот до работно место изложено на сериозни и специфични опасности, без претходно да му бидат дадени соодветни упатства за безбедна работа. Починатиот работник бил ангажиран како помошник монтер, без да има извршено основна обука од областа на безбедност и здравје при работа, како и без задолжителен здравствен преглед во ординација по медицина на трудот.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, кривичната пријава е поднесена до надлежното обвинителство.

error: Содржината е заштитена од копирање !!