MKinformer

your daily dose of news

Херојска интервенција: Полицијата спаси 80 годишен маж од пожар

16/02/2026 22:02

Полициски службеници спасија 80 годишен жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса по избувнување пожар во неговиот дом.

Настанот бил пријавен на 15.02.2026 година во 13:23 часот во СВР Штип, со информација дека на улицата „14 Јуни“ настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Ѓ. (80).

Полициски службеници од СВР Штип, Полициско одделение Македонска Каменица веднаш излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на терасата на вториот кат. По преземени мерки и со употреба на скали, лицето било безбедно симнато.

На повредениот му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, а увид на местото извршиле надлежните служби.

Причините за настанување на пожарот се утврдуваат.

error: Содржината е заштитена од копирање !!