MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Возилото на поранешен инспектор за наркотици во пламен

22/02/2026 11:40

Возило „Range Rover“ Синојка било зафатено од пожар во Струмица, во близина на објектот зад „Жито маркет“, во реонот на поранешно „Симпо“, објави фејсбук страницата „Моја Струмица“.

Според информациите, станува збор за џип кој бил целосно опфатен од пламен. На социјалните мрежи беше споделено и видео од настанот, на кое се гледа како огнот го зафаќа возилото.

Неофицијално, како што наведува изворот, возилото е во сопственост на поранешен инспектор за наркотици. Засега нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на сопственикот, ниту за причините за избувнување на пожарот.

Од службите информираат дека се преземаат мерки за утврдување на околностите и причините за настанот. Засега нема информации за повредени лица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!