MKinformer

your daily dose of news

Приведен 15 годишник во Делчево за обљуба врз 17 годишна малолетничка

02/03/2026 10:32

На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник од делчевско, по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, малолетничката пријавила дека по претходен договор за средба, осомничениот извршил обљуба врз неа.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа. Информиран е и родителот на малолетникот.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности.

Надлежните институции постапуваат согласно законските процедури, со оглед на тоа што станува збор за лица малолетници.

error: Содржината е заштитена од копирање !!