MKinformer

your daily dose of news

Експлозии во Дубаи и Доха: ОАЕ пресретнуваат ирански ракети и дронови

07/03/2026 20:05

Во неколку градови на Персискиот Залив се слушнале силни експлозии додека Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се соочуваат со нов бран напади со дронови и ракети од страна на Иран.

Според медиумските извештаи, во Дубаи се слушнале најмалку пет експлозии, додека противвоздушната одбрана на ОАЕ реагирала на заканите од ракети и беспилотни летала.

„Противвоздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати во моментов реагира на заканите од ракети и беспилотни летала кои доаѓаат од Иран“, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ на платформата „Икс“.

Од таму додаваат дека силниот татнеж што се слуша на повеќе локации е резултат на пресретнување на ракетите и дроновите.

Официјален претставник на ОАЕ изјави дека земјата бара Иран веднаш да ги запре нападите врз државите од Персискиот Залив кои не се директно вклучени во конфликтот.

„Секоја ескалација е загрижувачка. Сакаме да ја ограничиме војната и не сакаме нејзино проширување. Иранците треба да разберат дека не си помагаат напаѓајќи соседни земји“, изјави претставникот.

Во меѓувреме, експлозии се слушнале и во Доха, главниот град на Катар, каде во централниот дел на градот биле активирани сирени за воздушна тревога, пренесува Франс прес.

Ситуацијата во регионот останува исклучително напната, додека конфликтот меѓу Иран, Израел и САД продолжува да се проширува и врз другите земји од Блискиот Исток.

error: Содржината е заштитена од копирање !!