Наставник од Скопје: Сексуално вознемирувал 18-годишна ученичка
10/03/2026 15:52
Полициски службеници од СВР Скопје привеле 52-годишен наставник од средно училиште на подрачјето на Центар, откако бил пријавен дека сексуално вознемирувал 18-годишна ученичка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило на 9 март 2026 година околу 17:30 часот.
Наставникот бил лишен од слобода по претходна пријава дека во периодот од 25 февруари до 2 март 2026 година ја вознемирувал ученичката и од неа барал да имаат сексуални односи.
По приведувањето, полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Од МВР информираат дека по комплетирање и документирање на сите околности, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)



