(Видео)Пожар на Јабланица: ангажирани армиски хеликоптери, активен пожар и кај Боговица
14/03/2026 11:14
Пожарот на планината Јабланица се гасне и со воздушна поддршка, откако поради тешкиот и непристапен терен интервенцијата од копно била сериозно отежната.
Активностите биле преземени по барање на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќyра, а во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
Армијата се вклучи со два хеликоптери
Поради сложените услови на терен, во гаснењето се ангажирани два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија.
Тие обезбедуваат воздушна поддршка во обид пожарот побрзо да се стави под контрола.
Активен пожар и кај Боговица
Покрај пожарот на Јабланица, во струшкиот регион е евидентиран уште еден активен пожар.
Станува збор за пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби интервенираат со копнени сили.
Институциите остануваат на терен
Надлежните институции информираат дека се постојано на терен. Воедно, тие ќе останат ангажирани сè додека состојбата целосно не се стабилизира.




