Рамноденица: Денеска сонце, но и северен ветер
20/03/2026 9:25
Денес е пролетна рамноденица. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд.
Инаку, денеска започнува пролетта. Денес е пролетна рамноденица. Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.






