Приватен автобус удри жена на „Партизанскa“ во Скопје
29/04/2026 15:24
Жена е тешко повредена откако во неа удрил приватен автобус на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Според информациите од МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 18:10 часот. Во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во 81 годишната Р.С. од Скопје.
Од полицијата информираат дека автобусот бил сопственост на приватен превозник. Со него управувал Б.А. (61) од скопското село Грчец. Возилото сообраќало на градската линија број 12.
Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






