Јаневска: Издале фалц диплома со „Северна“ во 2016 година, а името сменето во 2018
06/05/2026 19:31
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека во постапките за проверка на високото образование се утврдени сериозни неправилности и сомнежи за фалсификати.
Таа посочи дека веќе се поништени две дипломи на Славјанскиот универзитет. Според неа, таму биле откриени повеќе нерегуларности во начинот на студирање и признавање испити.
Јаневска наведе дека имало случаи на полагање 14 или 17 испити во една сесија. Дополнително, според неа, биле правени и несоодветни еквиваленции на ЕКТС кредити.
Како особено спорен случај, министерката ја издвои дипломата издадена во 2016 година со печат „Република Северна Македонија“. Таа нагласи дека во тој период државата сè уште не го користела сегашното уставно име.
„Ова веќе е предмет во Јавното обвинителство. Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици“, изјави Јаневска.
МОН почна постапка за поништување дипломи на УКИМ и на Славјанскиот универзитет
Министерката порача дека институциите ќе постапуваат по сите утврдени неправилности. Според неа, секој случај што отвора сомнеж за незаконито издадени документи ќе биде процесиран.






