(Видео)Македонски државјанин загина во тешка несреќа со камион во Хрватска
06/05/2026 10:26
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на автопатот А3 Брегана–Загреб, во близина на Среданци. Според полицијата, камион пробил заштитна ограда, удрил во далновод и потоа се запалил.
Полициската управа Бродско-посавска соопштила дека пријавата ја добила во 14:18 часот. Во возилото имало едно лице, а на местото веднаш биле испратени сите итни служби.
Според неофицијални информации што ги пренесуваат хрватски медиуми, возачот останал заробен во камионот и починал. Во истите извештаи се наведува дека станува збор за постар странски државјанин од Северна Македонија.
Полицијата најави увид, кој треба да ги утврди точните причини и околности на несреќата. Поради инцидентот, сообраќајот на овој дел од автопатот се одвивал забавено.
View this post on Instagram






