УХМР најавува дожд, грмежи и локално невреме: на места над 20 литри дожд
08/05/2026 7:27
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На повеќе места ќе има нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.
Според прогнозата, врнежите локално ќе бидат пообилни. На одделни места се очекуваат повеќе од 20 литри дожд на квадратен метар. УХМР предупредува дека процесите локално може да бидат поинтензивни и да добијат форма на краткотрајно невреме.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени. Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје денеска ќе преовладува претежно облачно време со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на грмежи, како и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 20 степени.





