Делови од Гази Баба денеска без вода, можен прекин и во Бардовци
09/07/2026 7:16
Делови од Гази Баба и Бардовци денеска ќе имаат прекин или намален притисок во водоснабдувањето.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради најавени технички интервенции.
Без вода во Гази Баба
Од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба.
Прекинот е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри.
Интервенцијата се изведува на улицата „Гемиџиска“, крак 1 и крак 2.
Можен прекин или намален притисок во Бардовци
Во периодот од 08:30 до 14:30 часот, можен е намален притисок или прекин во водоснабдувањето во делови од Бардовци.
Причина се работи за поставување нов систем за автоматско управување во Хидрофор Бардовци.
Системот ќе биде со фреквентни регулатори, информира РЦУК Скопје.


