Со 66 паковки марихуана сакале да поминат граница – уапсени две лица
21/05/2026 7:38
Две лица се приведени откако полицијата на граничниот премин Стар Дојран открила 66 пакувања со марихуана во автомобил со гевгелиски таблички.
Според информациите од МВР, на 19.05.2026 околу 23:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода А.К. (32) од Валандово и Н.С. (36) со живеалиште во Нов Дојран.
При контрола на патничко возило „сеат атека“ на излез од државата, кое го управувала А.К., а како сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици.
Во торбиците имало вкупно 66 пакувања со марихуана.
Во врска со случајот, СВР Струмица извршила претреси на повеќе локации. По целосно расчистување и документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Осомничените се задржани во Полициската станица Гевгелија.





