Сончево и топло време денеска, попладне можен краткотраен дожд со грмежи
26/05/2026 7:41
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 16 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 24 до 32 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 31 степен.
Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 15 степени.
Иако денот ќе биде претежно стабилен и топол, во делови од земјата попладне можно е краткотрајно влошување на времето, проследено со дожд и грмежи.




