MKinformer

your daily dose of news

Денеска до 39 степени, попладне можен пороен дожд

15/07/2026 9:33

Денеска до 39 степени, попладне можен пороен дожд

Сончево и многу топло време низ целата земја

Македонија денеска ќе биде под влијание на сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека во попладневните часови на одделни места се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 32 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје до 37 степени

Во главниот град времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во попладневните часови во делови од Скопската Котлина постои можност за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, додека максималната ќе достигне до 37 степени.

Топлотниот бран продолжува и во наредните денови

Според најавите на метеоролозите, сончевото и топло време ќе продолжи и во текот на следните денови. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Највисоки температури се очекуваат во петок и за време на викендот, кога низ целата земја дневните вредности ќе бидат над 32 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!