MKinformer

your daily dose of news

МВР воведува кодекс за облекување во просториите иснтитуцијата

27/05/2026 22:49

МВР воведе Кодекс за облекување: „Соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денес се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи. Целта, како што наведуваат, е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит.

Апел до граѓаните пред доаѓање во МВР

Во соопштението од Министерството се наведува:

„Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции.“

Од МВР апелираат до граѓаните пред да дојдат во нивните простории за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги:

„…да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции.“

Што се смета за неприфатлива облека?

Министерството детално наведува што се смета за неприфатлива облека при влез во службените простории на Одделот за граѓански работи:

  • „премногу кратка облека (многу куси и многу тесни здолништа, како и здолништа кои не се соодветни за институција и куси панталони дизајнирани за плажа или спортски настани)“

  • „облека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека“

  • „облека кој вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови“

  • „тренерки и облека наменета исклучиво за спортски активности“

  • „облека со навредлива содржина (текстови, слики или амблеми кои можат да бидат навредливи за околината)“

  • „несоодветни обувки (влечки, папучи, кломпи, налани, апостолки)“

И вработените се должни да го почитуваат кодексот

Во соопштението дополнително се истакнува:

„Истовремено, напоменуваме дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството.“

error: Содржината е заштитена од копирање !!