MKinformer

your daily dose of news

Сончево и топло денес, попладне и ноќеска можни дожд, грмежи и локално невреме

11/06/2026 9:20

Во Македонија денес ќе преовладува сончево и топло денес со мала до умерена облачност. Попладне, а делумно и во текот на ноќта, се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Локално времето ќе биде нестабилно. Можно е да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен дожд, невреме и појава на град.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 15 степени. Максималните дневни температури ќе бидат од 24 до 33 степени. За Скопје, УХМР денес објавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и температура до околу 33 степени.

Во Скопје преку денот ќе биде претежно сончево. Во вечерните часови и во текот на ноќта, во делови од котлината, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!