Внимание: Утре невреме со град и засилен ветер
24/06/2026 7:25
Нестабилно време со дожд, грмежи и град под влијание на циклон од југоисток
Под влијание на циклонска активност од југоисток, денес во Македонија се очекува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Температури од 14 до 35 степени
Минималната температура денес ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени, додека максималната ќе достигне од 27 до 35 степени, во зависност од регионот.
Во Скопје невреме со грмежи и засилен ветер
Во главниот град времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Од викенд сончево
Денес ќе се задржи нестабилното време. Поради големата енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, додека за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.
Од УХМР апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворен простор за време на невремето.






