MKinformer

your daily dose of news

ОЈО бара притвор за потпалувачот на возилата пред бугарската амбасада

16/06/2026 21:46

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело „Предизвикување општа опасност“, откако, според истрагата, запалил две дипломатски возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Инцидентот се случил на 15 јуни, околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на амбасадата.

Според Обвинителството, осомничениот најпрво купил бензин од блиска бензинска пумпа и го ставил во пластично шише. Потоа се упатил кон двете паркирани дипломатски возила, кои биле во сопственост на бугарската амбасада.

„Ги полеал возилата со бензин и ги запалил со запалка, по што веднаш го напуштил местото на настанот“, соопштија од Обвинителството.

Од таму посочуваат дека со ова дејствие била предизвикана сериозна опасност за луѓето и за имот од поголем обем.

Обвинителството ја нагласува тежината на случајот, имајќи предвид дека станува збор за дипломатски возила, запалени во централно градско подрачје и во време кога движењето на пешаци и возила било зголемено.

Поради видот и тежината на делото, како и околностите под кои е сторено, јавниот обвинител предложил мерка притвор за осомничениот.

За предлогот ќе одлучува судија на претходна постапка.

One thought on “ОЈО бара притвор за потпалувачот на возилата пред бугарската амбасада

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!