MKinformer

your daily dose of news

(Видео)СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО БЕЛГРАД: Трамвај излета од шини и удри во зграда, десетици повредени

25/05/2026 10:50

Сообраќајна несреќа утрово се случи во Белград, кога трамвај што сообраќал по улицата „Цар Душан“ излетал од шините и удрил во зграда.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 9:30 часот.

На снимките од местото на настанот се гледа дека кабината на трамвајот е сериозно оштетена, а дел од седиштата во внатрешноста се откорнати од силниот удар.

Според неофицијални информации, неколку лица се пожалиле на повреди. Од службата за Итна помош за порталот Н1 потврдиле дека нивни екипи се упатени и интервенираат на местото на несреќата.

Засега нема официјални детали за степенот на повредите, ниту за причината поради која трамвајот излетал од шините.

Надлежните служби вршат увид, а истрагата за несреќата е во тек.

error: Содржината е заштитена од копирање !!