Град Скопје најави повторно прскање против комарци
09/07/2026 18:13
Утре повторно авионско прскање против комарци во Скопје
Дезинсекцијата ќе се спроведе во раните утрински часови
Град Скопје информира дека утре, 10 јули, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на територијата на главниот град.
Од градските власти посочуваат дека активноста е дел од редовните мерки за намалување на популацијата на комарците во летниот период.
Во случај на лошо време, акцијата ќе биде одложена
Доколку временските услови не дозволат реализација на прскањето, дезинсекцијата ќе биде извршена првиот нареден ден кога ќе има соодветни временски услови, во истиот утрински термин.
Апел до пчеларите
Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на авионската дезинсекција.




