MKinformer

your daily dose of news

Напад од мечка кај Ресен, маж пренесен во болница

17/07/2026 15:30

 

Мечка нападна маж додека берел печурки кај Ресен

Нападот се случил во атарот на Курбиново

Четириесет и едногодишен маж бил повреден откако бил нападнат од мечка додека берел печурки во атарот на ресенското село Курбиново, информираа од СВР Битола.

Инцидентот се случил вчера, нешто пред 20 часот, кога мечката го нападнала Н.И. (41).

Повредениот пренесен во Клиничката болница во Битола

Од полицијата соопштија дека по нападот мажот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му била укажана лекарска помош.

Мечка нападнала 41-годишен маж во ресенско Курбиново додека берел печурки“, соопштија од СВР Битола.

Засега не се соопштени повеќе детали за тежината на повредите или за околностите под кои дошло до нападот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!