31 пожар на отворено во изминатото деноноќие: Три сè уште се активни, четири се под контрола
26/08/2026 10:05
Во изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 31 пожар на отворено, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од нив, три пожари се активни, четири се ставени под контрола, а 24 се изгаснати.
Активни пожари на три локации
Активен пожар има на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково.
Огнот е кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале.
Зафатена е мешана шума.
Активен пожар има и на подрачјето меѓу Гостивар и Македонски Брод.
Станува збор за пожарот кај селото Трново, кој се движи кон селата Битово и Заград.
Третиот активен пожар е во Општина Чашка, над селото Нежилово.
Четири пожари се под контрола
Под контрола е пожарот кај селото Тајмиште.
Стабилизирана е и состојбата со пожарот меѓу резерватот „Јасен“ и селото Брезница, во Општина Македонски Брод.
Под контрола се и пожарите на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и на депонијата во Делчево.
ЦУК продолжува да ја следи состојбата на терен.
Во изминатото деноноќие се регистрирани 31 пожар на отворено, од кои три сè уште се активни.




