Сончево и топло време денеска, температурите ќе достигнат до 23 степени
18/10/2026 8:00
Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност се очекува денеска низ земјава.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 8 степени Целзиусови.
Во текот на денот максималната температура ќе достигне од 12 до 23 степени.
Во Скопје до 21 степен
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.
Сончево и топло време ќе го одбележи денешниот ден, со пријатни дневни температури и без позначителни врнежи.






