MKinformer

your daily dose of news

Активисти со жолт спреј ги обележаа и изброија сите дупки на патот до Средно Водно, Град Скопје се прогласи за ненадлежен

24/08/2020 11:11

Колку пати сте биле на Средно Водно, со автомобил, со велосипед или пеш и притоа сте морале да избегнувате многу дупки што се наоѓаат на патот? И сигурно сте забележале како изгледа патот, крпеници и дупки… Дали сте се обиделе да ги изброите… Епа некој и тоа го направи..

Активисти преку ноќ со жолт спреј ги одбележаа сите дупки повикивајќи го градот да ги пополни.

Откако на социјалните мрежи Градот беше посочен, од таму одговорија..
Почитувани, патот до Средно Водно – Горно Нерези е регионален пат и не е во надлежност на градот и за истиот треба да се грижи јавното претпријатие за државни патишта. Што е до нас, ќе алармираме за ова до надлежната институција. Ви благодариме.

error: Содржината е заштитена од копирање !!