Градинките ќе започнат со работа на 9 септември
01/09/2020 23:06Градинките ќе се отворат на 9 септември. Владата на денешната седница донесе одлука за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детските градинки и центрите за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое е планирано да отпочне од 9 септември. До тогаш градинките се должни да се подготват за работа.

Владата им препорачува на сите општини да обезбедат дополнителен простор доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19.





![Дoнeceни нoви мepки пo нajaвaтa зa тoплoтeн бpaн – oвиe кaтeгopии лицa ce ocлoбoдyвaaт oд paбoтa oд yтpe toplo-vremeeeee-650x396[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toplo-vremeeeee-650x3961-1.jpg)
