Пак ни го сменија името: Сега сме Горна Македонија
02/09/2020 9:16Врв на циркусијадата со преименувањето на македонската држава е лименка сок „Лемон сода“ од Италија.

На етикетата го нема ниту претходното име „Република Македонија“, уште помалку сегашното „Северна“, туку, ни помалку ни повеќе, ами „Република Горна Македонија“?!
Во изминатиот период во продажба по маркетите се појавуваа производи на чија декларација се избегнуваше меѓународниот код како и името на наша земја, но ваков случај гледаме за прв пат.






