MKinformer

your daily dose of news

Во Гевгелија 12 полицајци заразени со Ковид-19

07/09/2020 16:44

Дванаесетте странски државјани кои во Гевгелија се заразиле со Ковид-19 се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница. Ова за го информираат од Министерството за здравство.

Според информациите од Институтот за јавно здравје, се работи за полицајци од Чешка, кои работат на граница. Сите се изолирани во карантин во мотел/хотел „Вардар“, посочуваат од Министерството за здравство. Во Гевгелија досега се регистрирани 73 случаи со КОВИД-19, од кои активни се 46.

error: Содржината е заштитена од копирање !!