Блокиран реонот околу Универзална сала поради лажна дојава за БОМБА
17/09/2020 18:28Реонот околу Универзалната сала во центарот на Скопје беше под блоката. Неофицијално дознаваме дека имало дојава за поставена бомба.
Од МВР за Телма велат дека граѓанин пријавил сомнителни предмети на тротоарот кон пазарчето Буњаковец, но по интервенцијата на полицијата констатирано е дека се работи за две оставени пазарски ваги и дека пријавата била лажна.
Пријавата во МВР пристигнала пред околу еден час, во моментов состојбата е вратена во нормала.






