Пазарни инспектори синоќа упаднале на седум свадби
04/10/2020 15:07Синоќа Инспектори од Државниот пазарен инспекторат посетиле четири свадби во Скопје, две во Тетово и една во Струга и најавија кривични пријави за субјектите кои ги организирале веселбите.
За вкупно 19 субјекти се изречени казни за непочитување на здравствените протоколи, меѓу кои спаѓаат и организаторите на свадбените веселби, како и за уште пет субјекти во Скопје, два во Струмица и еден во Битола.
Парични казни ќе бидат изречени за уште четири субјекти кои не го почитувале работното време и за нив ќе бидат издадени и решенија за затворање од 10 до 30 дена во зависност од пречекорувањето на работното време.






![Починале 27 лица, 1.861 нов случаj на ковид во Македонија infektivna-klinika-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/infektivna-klinika-11.jpg)