(Видео)Скопјанец се снимал како бега од полиција со мотор
08/10/2020 13:33Извесен вљубеник во мотори со профил #trimnoraliti на социјалната мрежа Тик-ток ја олеснил работата на судијата кој што сигурно ќе го суди за сообраќаен прекршок а му се заканува и судење за кривично дело.

#trimnoraliti објавил видео на кое се гледа како откако е застанат од полициска патрола воопшто не запира туку продолжува по патот.
Десетици македонски граѓани годишно се обидуваат да им избегаат на сообраќајните полицајци но досега никому не му текнало сам на полицијата да и обезбеди видео докази за кривично дело.
https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1313983193654099974?s=20






