ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ВЕЛС – ДВЕ НЕДЕЛИ ЦЕЛОСНО ЗАТВАРАЊЕ
19/10/2020 16:56Денес премиерот Марк Дрејкфорд објави дека во Велс ќе стапи на сила целосна забрана за движење од 23 октомври до 9 ноември, со исклучок само на вработените во службите за итни случаи, а ќе бидат забранети и домашни посети.
„Комплетното двонеделно затворање е најдобрата шанса да се воспостави контрола врз вирусот и со тоа да се избегне многу долг карантин, што би ни нанело неспоредливо поголема штета“, рече Дрејкфорд.
Тој посочи дека сега е време граѓаните да покажат единство. Одлуката на владата на Велс изврши нов притисок врз британскиот премиер Борис Џонсон, кој одби да го прифати советот на здравствени работници да размисли за привремено затворање на земјата, бидејќи секое одложување ќе доведе до „опасно ширење на епидемијата со катастрофални последици“.
Во неделата во Велс беа регистрирани 950 нови случаи на Ковид-19.






