Ејуп Рустеми од Македонска пошта станува директор на Државни патишта
20/10/2020 10:32Досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, одговори денеска на новинарско прашање премиерот Зоран Заев.

Заев изјави дека на денешната седница на Владата би требало да се назначат директори и на други претпријатија или институции.
На директорското место на Македонска пошта треба да застане кадар од СДСМ. Власта веќе најави дека за оваа институција се размислува да премине во јавно-приватно партнертво.
Извор:Мкд.мк






