ШПАНЕЦ ВО СКОПЈЕ ПРОДАВАЛ КОКАИН И ХЕРОИН – СЕ БАРА ПРИТВОР
30/10/2020 12:48Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против шпански државјанин за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот 35-годишен Шпанец со престојувалиште во Скопје, на 28 октомври, на улицата Цветан Димов во внатрешниот лев џеб на јакната заради продажба неовластено држел пакување хероин со тежина од 10,39 грама и две пакувања кокаин во тежина од 0,70 грама.
Дрогата била пронајдена и одземена при рутинска контрола и личен претрес на осомничениот.
Јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за 35-годишниот странски државјанин.


![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)


