И ДЕНЕСКА НЕ ПОЧНА АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ПЛАТИ – ДАЛИ ПЛАТИТЕ ЌЕ ДОЦНАТ?
09/11/2020 16:54Ќе доцнат ли платите за работниците кои ќе користат државна помош? Фирмите не можат да аплицираат, затоа што Законот за финансисика поддршка, кој се изгласа во петокот, се уште не е објавен во Службен весник. Рокот пак, за поднесување обрзазец до УЈП, истекува утре. Компаниите збунети – долго најавуваната помош за исплата на плати на вработените, најверојатно нема да стигне во законскиот рок, затоа што ќе имаат само еден ден да поднесат образец. Проблемот е уште поголем бидејќи системот на УЈП често паѓал. Велат дека не сите газди имаат пари да им исплатат плати од сопствен џеб, а потоа да чекаат државата да им ги врати.
Од Управата за јавни приходи велат дека се подготвени за прием на барањата, но бидејќи законот не е објавен во Службен весник, не се објавени ни правилниците во кои е утврдена формата и изгледот на обрасците. За евентуалното пролонгирање на рокот, ќе треба повторно да одлучува Собранието.
Портпаролот на владејачката партија пак, денеска се пофали дека со оваа мерка, ќе се поддржеле 83.000 работни места
Очекувањата на Владата се дека со мерката – исплата на плати за октомври, ноември и декември во вредност од 14,500 до над 21,700 денари по работник, ќе аплицираат околу 20 илјади компании, приближно исто колку што претходно користеа. Половина од овие пари компаниите ќе бидат обврзани до година да ги вратат, ако работат со добивка. а доколку прикажат загуба, нема да мора да ја враќаат државната помош.




