Судот му одреди 30 дена притвор на таткото осомничен дека си ја силувал ќерката
12/11/2020 17:1230 дневен притвор е одреден на таткото кој е осомничен дека си ја силувал 29. годишната ќерка.
Како што претходно објавивме Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен за родосквернавење.
„Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, почнал да пие алкохол по што се нафрлил и извршил обљуба врз својата ќерка. Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот“
За лицето беше побаран притвор, кој е одобрен од страна на судот.




![Хорор во Битола: Ја удирал вонбрачната партнерка со столица, па потоа ја силувал semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)
