MKinformer

your daily dose of news

ОД КОРОНА ПОЧИНА ГИТАРИСТОТ НА „РИБЉА ЧОРБА“ АЛЕКСИЌ

29/11/2020 13:09

Гитаристот на српската рок група Мирослав Миша Алексиќ денеска почина на 67-годишна возраст.

Тој беше на лекување од Ковид-19, во една од белградските болници, а откако му се влоши состојбата беше ставен на респиратор.

Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена на Фејсбук објави статус за состојбата на нејзиниот татко, за кого веруваше дека ќе се опорави.

„Мојот Миша е заболен од ковид и е на респиратор веќе трет ден. Секој час е негова борба за животот, како и моја за него. Миша би сакал сите наши блиски луѓе да знаат каков борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат да бидат со нас, да бидат со него и да веруваат дека ќе го победиме коронавирусот“, напиша Мина во вторникот.

Членовите на бендот се скршени за загубата на големиот пријател, а по тажната вест се огласи и неговиот пријател и кум Момичило Бајагич – Бајага.

error: Содржината е заштитена од копирање !!