MKinformer

your daily dose of news

Нема да има повеќе „Лајкови“ на Фејсбук: Фејсбук ќе ја отстрани можноста да „лајкување“ на страници

08/01/2021 14:39

Фејсбук, со новиот редизајн, ќе ја отстрани можноста за лајкување на страници кои ги користат познатите личности и брендовите.

Наместо тоа, ќе биде покажан само бројот на следачи, како и „news feed“, односно просторот каде што корисниците можат да комуницираат со другите.

Како што велат од компанијата Фејсбук, бројот на следачи ќе биде главно мерило за „популарноста“, затоа што тоа е најдобар индикатор за успешноста на некоја страница.

„Ги тргаме лајковите и се фокусираме на следачите за луѓето што поедноставно да се поврзуваат со своите следачи“, соопшти Фејсбук, пренесе „Ројтерс“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!