(Видео) Спасовски не му дoзвoли да збopи на заменик министерот Буши, kaзнeт бил зашто не нoceл мacka
08/01/2021 15:57Назим Буши, вториот човек во МВР, стави заштитна маска. Ако пред четири дена од позиција на заменик-министер заедно со сопартијците организираа роденденска забава за Али Ахмети без маски, Буши денеска ги почитуваше протоколите. Побаравме, заменик-министерот да раскаже за седенката во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Но, се вмеша министерот Спасовски.
„Не, јас ќе одговорам, затоа што тој е ка знет. Не може да одговори и затоа што е kaзнет сега носи маска. Ако не беше kaзнет, можеби сега немаше да ја носи маската и kaзнети се сите што седеа на таа маса дали се тоа пратеници или министри.“
Трудовиот инспекторат денеска му пиша kaзна од 500 евра на првиот вицепремиер Артан Груби, кој му беше домаќин на партискиот врв од Мала Речица. Инспекторите утврдиле непочитување на Законот за заштита на населението од зapaзни болecти. Министерот за здравство пак, смета дека kaзните за функционерите на ДУИ се добра порака дека системот функционира.
„Мерките важат за сите. Ете и тие колеги излегоа јавно и кажаа дека ќе ги платат kaзните предвидени со сите тие мерки протоколи и caнkции, што мислам дека е одличен знак и доказ дека Законот важи за сите.“
Пред четири дена, сопартијците од ДУИ се собраа во министерството со кое раководи Груби. Објавија заедничка фотографија на која се гледаа 15 насмеани функционери кои не носат заштитни маски, ниту пак држат растојание меѓу нив. По реакциите на јавноста, полицијата ги казни сите со по 20 евра – сума која се намалува двојно ако ја платат во рок од осум дена. Освен полицијата и Трудовиот инспекторат, кривична за собирот има и до Обвинителството. Ја поднесе активистот Марјан Ненов, кој случајот го пријавил врз основа на апелот на министерство каде самиот Буши е заменик-министер, а каде граѓани може да пријавуваат собирања на повеќе од четири лица.
https://www.youtube.com/watch?v=5t81WtamfPY&feature=emb_err_woyt






