MKinformer

your daily dose of news

Две финансиски друштва добија забрана за одобрување кредити – Министерството за финансии не открива кои се

25/11/2026 13:06

Две финансиски друштва добија привремена забрана за одобрување кредити во траење од 30 дена, по вонредниот надзор што го спроведе Министерството за финансии.

Покрај забраната, на друштвата им се изречени и парични казни.

Контролите биле спроведени во последните три месеци, по пристигнати пријави од граѓани.

Министерството, сепак, не објави за кои финансиски друштва станува збор, какви неправилности биле утврдени и колкави казни им биле изречени.

Одземени четири дозволи од јули 2024 година

Според податоците на Министерството за финансии, од јули 2024 година досега биле изречени следните мерки:

  • Одземени четири дозволи за работа;
  • Привремено затворени три финансиски друштва;
  • Казнети 18 друштва со вкупно 3.040.323 денари, односно околу 49.400 евра;
  • Издадени 58 писмени наредби за отстранување неправилности.

Каде граѓаните можат да пријават неправилности?

Граѓаните кои сметаат дека се оштетени можат да достават пријава во архивата на Министерството за финансии, по пошта на улица „Даме Груев“ бр. 12 во Скопје или електронски на prijavafd@finance.gov.mk.

Министерството најавува засилени контроли над работењето на финансиските друштва, a  забрана за одобрување кредити со цел поголема заштита на корисниците на финансиски услуги.

error: Содржината е заштитена од копирање !!