MKinformer

your daily dose of news

Академик Камбовски: Британците по 30 години ја вратија „историјата“ како задолжителен предмет

05/02/2021 15:41

Треба да се вклучи една листа на задолжителни предмети, меѓу кои треба да се најдат и историја, и физика и хемија, оние што сега се во тој материјал групирани како модули на некој заеднички предмет, општествени или природни науки, изјави академикот Владо Камбовски на јавната расправа во Собранието за новата концепција за основното образование.

Тој додаде и дека постои недоволно јасно разграничување меѓу категории предмети, модели, оддлени наставни целини, кои се појавуваат како модул.

– Компаративната анализа покажува дека при комбинирање, предметниот пристап е зачуван како базичен.

Како интегрирана настава да се поврзе со предметна настава? Иако има комбиниран модел за мултидисциплинарно знаење и способности во сите национални планови што ги прегледав останува предметниот пристап со 16 задолжителни предмети и изборни предмети. Во сите тие системи, словенечки, бугарски, естонски, фински, во сите нив се задржани како базични историја, географија, физика и хемија.

Во Велика Британија во 1960 година предметот историја исчезна од наставниот план, а после 30 години се врати во наставниот план, изјави Камбовски, додавајќи дека Британците се решиле на ваков чекор бидејќи историјата им помогнала на учениците за разбирање на минатото, да размислуваат критички, да трагаат по докази, да го осознаат процесот на промени.

Тој истакна дека од клучно значење за оваа концепција е во наставните предмети и меѓуоколните предметни содржини да бидат инкорпорирани стандарди со кои ќе се мерат постигнувањата после завршувањето на наставната програма.

error: Содржината е заштитена од копирање !!