Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава
29/07/2024 8:55
Академикот Владо Камбовски се изјасни против идејата за основање на Албанска академија на науките и уметностите, нагласувајќи дека постоењето на таква институција во една држава е невозможно.
„Во една држава не може да има две национални академии. Во ниту една држава во светот не постојат две национални академии на науките и уметностите. Возможно е да се формираат, на пример, здравствени здруженија, но невозможно е да има две национални академии“, изјави академик Камбовски во разговор за ТВ 24.
Тој истакна дека научните и уметничките институции треба да се основаат на општи научни и културни вредности, а не на етничка или политичка припадност, бидејќи тоа може да предизвика поделби и конфликти во научната заедница.
Коалицијата „Вреди“ најави започнување постапка за формирање на Албанска академија на науките и уметностите. Лидерите на „Вреди“ планираат општинско финансирање како привремено решение, додека не се донесе закон кој ќе го регулира ова прашање.






